Во 1978 година во Скопје падна дел од вселенскастаница која експлодира во битката на Калеидонците (раса на поети и танцувачи од Андромеда) кои успеаа да ги поразат Емсоидците (раса на спијачи, на кои омилена боја им е „валкан бветон сива“ ) со помош на три и пол милиони шестотриесет и пет илјади триста триес две генетски дизајнирани жаби степ танцувачи со ласери. Инаку Есоидците беа подготвени на ласерите, ама не на степувањето. За среќа повеќето од Емсоидците се спасија благодарение на тоа што Калаидонците направија една грешка, имено жабите ги пуштија во секторот на клозетите и од бродот настрадаа клозетите и дел од визбите заедно со поголемиот делод жабите. Калаидонците не знаеа дека со оглед на далечината на на клозетите од се друго никој од Емсоидците не оди таму туку своите потреби ги вршат во издувните и торпедните цевки (види слика). Како и да е Емсоидците се спремаат за хајка на останатите жаби степ танцувачи што останаа во визбите, но ние се враќаме на делот од вселенската станица што падна во Скопје во 1978. Тоа беа клозетите. Иронично е што при влегувањето во атмосферата изгореа и повеќето од нив, остана само конструкцијата која со својата сива боја беше само одсјај на културата на Емсоидците кои и во клозетите имаа кревети. Требаше веднаш да се реагира. Тогашната УДБА ги запечати 17-те спрата што беа под земја и конструкцијата ја прогласи за студенски дом, мислејки дека се тоа кревети со клозети, а не клозети со кревети. Ова беше најдобар начин да се камуфлира она што се случуваше во тие 17 спрата под земја кои станаа таен центар на тајните служби на тајната полиција.
Студенскиот дом го крстија по една од ознаките на него GO-C DL4V, а по три години мислење на тогашното УВР му текнало асоцијативно да го крсти Гоце Делчев и маестрално да ги прикрие трагите со еден вака добро смислен ребус. Тие 17 спрата по некоја случајност и Есоидците ги користеле за тајни експерименти затоа што никој не одел таму да се олеснува. Полицијата таму најде недовршени екперименти како на пример: одечки – металојадачки пирани со ласери, неслепи – пискачки лилјаци со ласери и спорозборувачки гаргара папагали со ласери. Студентите брзо се вклопија во клозетите иако имаше многу уништени. Заживеа GO-C DL4V и никој не се ни посомнева што се случува во тајните визби на тајните служби. Во тајните визби на тајните служби се работеше на наоѓање начин од лугето субјекти (студентите) со помош на Емсо-Генот што беше најден во GO-C DL4V да се направат незаинтересирани индиферентни спијачки лесноманипулирачки појави. Емсо-Генот ги овозможуваше индиферентноста и спиењето па требаше да се најди ген за незаинтересираност и лесно манипулирање на субјектите. И беше пронајден. Тоа беше генот на студент на Електро од втора година нагоре. Така тајната полиција отвори штаб и на Електротехничкиот факултет. Почнаа да се инфилтрираат меѓу, професорскиот колегиум, професорите почнаа да исчезнуваат и пак да се појавуваат исти само со таа разлика што нивниот однос кон студентите драстично се промени. Стана тешко да се биде студент на ЕТФ. Тајните служби не беа задоволни со природниот ген на студентите. Тие сакк од нив да направат точки и запирки, створови со редуцирана самосвест и чевли два броја поголеми. Во студенскиот дом , ЕТФ студентите беа сместувани на подолните спратови поблиску до тајната машинерија на тајните служби во тајните визби. Тајните служби влегоја и меѓу студентите. Некои од нив исчезнуваа и пак се појавуваја со една разлика шти имаа политичка амбиција и стануваа претседатели на ССЕТФ, а околу нив се собираа најнадежните носители на ЕТФ-генот и работеа на негово доусовршување. Непослушните беа прогонувани и квадрирани, хирушки отстранувани од институцијата. Првите неколку обиди за мешање на Емсо-Генот и ЕТФ- генот и имплантирање на субјектот завршија трагично со фрлање од погорните катови.
Нека не ве вознемирува овај текст, не паничете. Само бидете претпазливи, забележете ја празнината во очите на тој до вас и бегајте од него. Ако не се истакнувате нема да ве гонат па можете да завршите со диплома, а да немата самоубиствени нагони. Ако не сте дел од нив немојте да ги гледате професорите во очи, тие ќе го видат секаој зрак на слобода во Вас и готови сте. Барајте ги сличните на вас и конспирирајте против тоа зло. Сеуште има надеж, можеби еден ден ќе дојдат Емсоидците и ке си ги земат клозетите, можеби сето ова е само сон.
П.С.
Несинтаксичноста на речениците и нивната незвучност се должи на крајно шифрираните подтекстови кои се со цел да ги активираат и да им ги соопштат идните планови и акции на членовите на оваа тајна организација
П.П.С.
Ако на некој од нас случајно му падни бетонски блок или клавир со боја на валкан бетон на гла не е случајност.