Поштенио - оти секој ден покрај поштата поминвал.
Коцката - Оти многу бил многу по коцкањето
Тротоаро - Оти едната нога му била покуса и му идела таман на тротоар да се качи.
Сатаро,Mачоро,Cаксo... - истото дете е ова! и на крајот од шо имал баеги прекари...РАНДОМО го завикаа!!
Педеро - едно чупе му се пуштало и ко прашала дали се знај со некој другар, овај му рекол - се знам ептен, кај е тој да го ебам, и ова си помисли стварно дека е педер.
Крефкото - оти нон стоп фаули барал фудбал ко ќе играле.
Бојата - оти бил гламна црн.
Школскио - роден на 1 септември
Беќаро - оти три пати се женел и се разведвал.
Финио- оти ошол на поседок кај брачедите во Финска
КаГеБе (КГБ) - оти ко ќе играл кантер сите го барале.
Маката - оти кога да го побарале другарите за излегвање викал неможам брат мака ми е.
Блинкеро - Оти трепкал нон стоп со очите.
Дубако - од шо бил дебел ко во дубак да бил клаен (дубак да имал голтнато)
Зајако, зецо.. - Женската имала изразити предни заби и заради то во основно така ја викале. Таман го заборајле прекаро си фатила дечко Зецо напрекар шо го викале.. и ете ти пак.
Наиме - го прашале: „како да те викаме тебе на прекар? Цела маала има прекари.“ - одговорил: „Неќам прекар, сакам наиме да ме викате.“ и така НАИМЕ го завикале!
Рингла - на персоната можело комотно цело тенџере за ајвар да му стои на главата
Празнио - избегал од час и после му се вадел на професорката дека бил да ја прегледа глата и ко го прашала професорката шо му нашле овај му рекол НИШТО.
Тушнико - оти бил билдер
Кенгуро - Австралијанец кој живеј во Битола.
Пичкуро - за ова не би објаснувале.
Марката - оти носела само брендирана (марка) гардероба
Ќофтето - Оти ко ја прашале кај се стрижеше место кај Кебапо (прекар на фризер во Битола) рекла кај Ќофтето.
Кокошката - оти пилиња печел пред кафаната, и од шо го завикале кокошката ги тргнал пилињата.
Кртишо (lat. KRTISHO) - Ко играле Warcraft наместо KRISHO како што се потпишувал стално, му фатила и „Т“ -одма до „R“- (сега сите видете се в тастатура...)
Млекото - оти многу бел бил во фацата.
Ремено - бил многу слаб и двапати го вртел ремено.
Тоблеронето - оти фризурата му била како „Тоблероне“ чоколадата
Мозоко - оти на сите му делел ум.
Ајваро - оти ко мал си мачкал лепче ајвар и излегвал надвор
И на крај
Акмако - оти ко се запознавала со Паљачо (пејачо на Чоканче) препрашала 3 пати како се вика и за да памти поубо Паљачо му рекол - абе како за палење, Упаљач ама без У - Паљач ме викат. Друго ден по корзо го видела и почнала да му вика Акмак (некако за палење Чакмак му дошло дека е).
